Koha Ditore: Односите помеѓу Косово и Србија се во критична фаза

Макфакс

12/01/2017

11:21

561

Големина на фонт

а а а

Односите помеѓу Србија и Косово влегоа во критична фаза по бомбашкиот напад на канцеларијата на владата на Косово во северна Митровица и апсењето на косовскиот политичар и поранешен воен командант на ОВК, Рамуш Харадинај, пишува приштинскиот дневник Koha Ditore.

Весникот оценува дека тензиите помеѓу Белград и Приштина го достигнале врвот кога косовското Собрание го усвоило законот за рудникот Трепча, на кој се противи Србија, и кога Србите изградиле ѕид во северна Митровица.

Koha Ditore пишува дека министерката за дијалог на Косово, Едита Тахири ја предупредила Европската унија на „деструктивното однесување“ на Србија кон Косово и дека ќе дојде до „непредвидливи последици“ доколку Унијата на ја натера Србија да се откаже од таквото однесување и да му се врати на дијалогот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг