Американската војска призна дека 33 цивили загинале при операција во Авганистан

Макфакс

12/01/2017

11:19

342

Големина на фонт

а а а

Американската војска во Авганистан потврди во четврток дека 33 цивили загинале во операција во провинцијата Кундуз во ноември минатата година, кога на нејзина мета беа куќи во кои биле лоцирани талибани.

Војската спроведе истрага по тврдењата дека цивили страдале во воздушните напади со кои им била пружена поддршка на американските и авганистанските војници во селото Боз.

Во соопштението објавено во четврток, се наведува дека со истрагата било „утврдено дека за жал 33 цивили загинале, а 27 се ранети“ кога војниците одговориле на огнот на „талибаните кои куќите на цивилите ги користеле како позиција за пукање“.

Локалните жители по нападот, искажувајќи го бесот, пред канцеларијата на локалната власт ги однеле телата на страданите, вклучително и деца и членови на семејствата на талибаните.


Спонзорирани линкови

Маркетинг