Германија: Бројот на азиланти во 2016 година опаднал за две третини

Макфакс

12/01/2017

10:50

292

Големина на фонт

а а а

Германија примила 280.000 нови барања за азил во 2016 година, што е за две третини помалку од рекордната цифра 890.000 во 2015 година, изјави германксиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

Од јануари до декември 2016 година, најголемиот број барања за азил поднеле државјани на Сирија, 36 отсто од вкупниот број, потоа следуваат државјани на Авганистан со 17 отсто, и Ирак со 13 отсто од вкупниот број.

„Ова е доказ дека мерките на германската влада и на Европската унија функционираат, приливот на мигранти може да се регулира и контролира“, рече Де Мезиер.

Доаѓањата на мигранти во Германија нагло опаднаа минатата година со прекинот на „балканската мигрантска рута“ во март и со постигнувањето на спогодбата меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција со цел да се сопре нивното доаѓање преку Егејско море и Грција.

Де Мезиер наведе дека бројот на одбиени барања за азил и азиланти кои ја напуштиле Германија е зголемен, иако германските власти сеуште не се задоволни со таквиот број.

„Вкупно 80.000 луѓе самоволно ја напуштиле Германија или биле депортирани“, рече министерот.

Според најнови официјални податоци, минатата година биле поднесени 745.545 барања за азил, што е 268.869 повеќе во споредба со 2015 година. Најголем број се Сиријци, односно 268.866 барања.

Канцеларката Ангела Меркел, која оваа година ја чекаат избори, вети национален напор кој ќе обезбеди враќање на оние кои немаат право на престој во Германија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг