"Bloomberg": Како Обама спектакуларно го упропастил прошталниот говор

Точка

12/01/2017

10:29

2.824

Големина на фонт

а а а

Збогувањето на американскиот претседател Барак Обама од нацијата, можеби е најголемото промашувањето во неговата политичка кариера, пишува Џонатан Бернштајн за "Bloomberg".

"Штета, бидејќи тука некаде имаше одличен говор кој едноставно не можеше да се пробие на површина", пишува тој.




Како што вели, основниот проблем бил во тоа што настанот и говорот не можеле да се усогласат. Јадрото на говорот било класично збогување насочено до нацијата, лекциите научени во текот на последните 8 години.


"За несреќа, повеќето од тоа е изгубено во нередот на долгите говори на поделени личност. Така Обама се префрлаше помеѓу предизборниот говор, набројувањето на хитовите на својата влада, листа од идни политики кои ги поддржува, заблагодарување до семејството, гласачите и персоналот, и така во круг. Штета, бидејќи Обама има нешто да каже за демократијата и како е загрозена, и што може да се преземе околу тоа. Не е јасно зошто се збуни", вели Бернштајн.



"Под рубриката "повторна изградба на демократски институции", зборувал за една обединета Америка, и се заложил за рационална мисла, толеранција и економски напредок, кои биле важни точки на демократијата. Тоа се темите на Обама, а со изборот на Доналд Трамп, може и да се претстават како предупредување за иднината".

"Имал и одлични изјави. "За сите наши надворешни разлики, сите гордо ја делиме истата титула - граѓанин". Тој професор по право објаснил како Уставот е само парче прагмент. Нема моќ сам по себе. Ние, како народ, му даваме моќ. Но, тоа што го кажал не се знае каква врска има со заканите кои претходно ги споменал, ги објаснил, и на кои алудирал" , пишува во текстот.


Проблем била и публиката. Говорот како да бил наменет за некој друг, а не за луѓето во публиката, вели Бернштајн.

"Можеби би било подобро кон тоа да се однесувал како кон партиски собир, а другото да го остави за некој друг пат. Добрата вест е дека Барак Обама не е готов како јавен говорник. Во подобра позиција е од сите свои претходници да држи пост-претседателски говори. Кога аналитичарите ќе ги проучуваат неговите најголеми говори, ќе го прескокнат овој. Има многу што да каже, а ние одвај чекаме да слушнеме што ќе каже - граѓанинот Обама", заклучува Бернштајн за Bloomberg.



Спонозорирани линкови

Маркетинг