Турските пратеници се степаа околу новите уставни овластувања на Ердоган

Макфакс

12/01/2017

10:18

730

Големина на фонт

а а а

Инцидент во турскиот парламент откако за време на расправата за новите уставни овластувања на претседателот дошло до тепачка помеѓу пратениците, пренесуваат турските медиуми.

Пратеничката Фатма Каплан од владејачката Партија на правото и развојот сакала да го сними гласањето со својот телефон, нешто што не им се допаднало на пратениците од опозициските партии, кои најпрво почнале да се туркаат, а потоа и тепаат со своите колеги од владејачката партија.



Со новите уставни измени се прошируваат овластувањата на претседателот, и со ова турскиот претседател Ердоган сега ќе може да именува и разрешува министри, да го избира раководството на партиајта и да се кандидира уште за два мандати од по пет години. За овие промени на Уставот, потребна е поддршка од најмалку 330 од вкупно 550 пратеници во парламентот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг