Голем пад на биткоинот

Макфакс

12/01/2017

10:16

479

Големина на фонт

а а а

За два дена цената на биткоинот забележа пад за повеќе од 30 отсто, откако Централната банка на Кина започна истрага за работата на најголемата платформа за тргување со биткоинот.

Моменталната вредност на биткоинот е околу 760 долари, што е пад од околу 18 отсто во текот на неделата.

Како што објавија на интернет страницата на Централната банка на Кина, проверката на најголемата бизнис платформа, вклучувајќи ги и “BTC China”, “Huobi” и “OKCoin”, е започната се со цел да се спречи манипулација на пазарот, перење пари и неовластено финансирање.

Во исто време, кинеските монетарните власти истакнаа дека биткоинот е стока, а не валута, предупредувајќи на ризиците при тргување со криптовалута.

На крајот на 2016 година биткоинот достигна вредност од околу 1.130 долари, што главно се должи на поголемата побарувачка во Кина, која е одговорна за поголемиот дел од глобалната трговија со виртуелната валута. Растот на вредноста на биткоинот е поврзан и со падот на вредноста на јуанот од 7 отсто на годишно ниво, што е најлошото ниво на кинеската валута во последните 20 години.

Биткоинот се користи за брз и анонимен трансфер на пари во било кој дел на светот и не е предмет на контрола на владата, и е привлечен за оние кои сакаат да ја заобиколат контролата на капиталните текови, како што сега е на сила во Кина.

Зголемиот ангажман на монетарните власти на Кина во прашањето со криптовалутата, е меч со две острици, велат аналитичарите. Додека се создава притисок врз тргувањето со виртуелната валута, оваа проверка на работата од друга страна му дава легимитет на биткоинот како стока на пазарот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг