За пет дена во Албанија од студот починаа осум лица

Макфакс

12/01/2017

09:51

356

Големина на фонт

а а а

Во последните пет дена во Албанија дури осум лица починаа од ескретмно ниските температури, од кои четири во средата.

Новинската агенција Балканвеб од Тирана информираше дека во средата две стари лица од студот починале во Погредец и Драл, додека две деца починале за време на лизгање на езерото во Кашар кога мразот пукнал, а тие паднале во водата и се смрзнале. Станува збор за две малотелни лица на 12 и 15 годишна возраст.

Истиот извор наведува дека температурите во Албанија веќе неколку дена се 20 степени под нулата, а по неколку декади снег има во Драл. Саранда, Валона и други приморски градови каде што снежни врнежи не се забекежани подог период.

Поради снегот голем број селски населби во североисточна Албанија се целсоно отсечени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг