Куп на Кралот: Меси повторно ја спаси Барселона

Макфакс

12/01/2017

09:48

587

Големина на фонт

а а а

Барселона, Алавес, Реал Сосиедад и Алкоркон му се приклучија на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Купот на Кралот.

Реал Сосиедад кај Виљареал одигра 1:1 и ја сочува предноста од 3:1 која ја имаше по првиот меч. Алавес благодарение на повеќе постигнати голови во гости ја елиминира Ла Коруња. Првиот меч на Ријазор заврши 2:2, а во реваншот беше 1:1. Во дуелот на второлигашите Алкоркон славеше во Кордоба 2:1 и се пласира меѓу најдобрите осум.

Барселона по поразот 2.1 во Билбао, во реваншот славеше над Атлетик 3:1, а спасител повоторно беше Меси кој во 78-та минута погоди од слободен удар. Аргентинецот од почетокот на годината има постигнато три гола од слободни удари.



Претходно Луис Суарез го постигна првиот гол во 35-тата минута, а во 48-та Нејмар од пенал зголеми на 2:0. Атлетик одговори во 51-та минута кога Соборито намали на 2:1.

Решавачкиот момент се случи во 78. кога Меси од слободен удар на „погрешна нога“ го фати голманот Ираизоз.

Во четврток ќе се одиграат преостанатите три осминафинални реванши: Селта-Валенсија (прв меч 4:1), Еибар-Осасуна (3:0) и Севилја-Реал Мадрид (0:3).


Спонозорирани линкови

Маркетинг