Минималец на Саутемптон против Ливерпул

Макфакс

12/01/2017

09:46

304

Големина на фонт

а а а

Саутемптон стекна минимална предност над Ливерпул по првиот полуфинален натпревар во Лига купот.

Натпреварот на Сент Мерис го реши Нејтан Редмонд во 20.минута, на кој му претходеше грешката на Клаван и асистенцијата на Џеј Родригез.

Редмонд пред постигнувањето на голот на реалзира убава шанса, а истиот играч пропушти уште две големи шанси, по една во првото и второт полувреме.

Ливерпул од потежок пораз го спаси германскиот голман Лорис Кариус.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 25.јануари на Енфилд, а финалето е на 26.февруари на Вембли.


Спонозорирани линкови

Маркетинг