Комисија на Сенатот на САД го поддржа членството на Црна Гора во НАТО

Нетпрес

12/01/2017

09:42

259

Големина на фонт

а а а

Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат синоќа усвои резолуција со која се поддржува членството на Црна Гора во НАТО.

Како што јави ТАСС, ова е втора ваква резолуција поддржана од сенатската Комисија за надворешни работии, по онаа од минатата година, по која до крајот на 2016 година Сенатот не се произнесе.

Претседателот на Комисијата, републиканскиот сенатор Боб Коркер, по гласањето, изрази задоволство што ова сенатско тело повторно ги поддржа аспирациите на Црна Гора за членство на НАТО и изрази надеж дека овој пат Резолуцијата ќе биде одобрена и од Сенатот.

Согласно американското законодавство, договорите за прием на нови членки во НАТО треба да бидат поддржани од најмалку две третини од членовите на Сенатот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг