Поради лошото време забранет влез за камиони и автобуси во Грција

Макфакс

12/01/2017

09:01

447

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и автобуси во Р. Грција.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Спонзорирани линкови

Маркетинг