Вест Хем ја одреди цената за Паје

Точка

12/01/2017

10:10

953

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат англиските медиуми, францускиот репрезентативец Димитри Паје наскоро би можел да ја напушти екипата на Вест Хем.

За услугите на Паје се интересирале наводно најмногу од таборот на Марсеј од каде што биле подготвени целосно да го исплатат обесштетувањето на 29-годишниот фудбалер кој што блесна на минатото Европско првенство во дресот на „Триколорите“.

Како што пренесуваат англиските медиуми, од управата на Вест Хем побарале 35 милиони фунти, а се чини дека тоа е неприфатлива бројка не само за Марсеј, туку и за сите останати клубови кои што покажале интерес за Французинот.

Покрај Марсеј, наводно за францускиот репрезентативец покажале интерес и Манчестер Јунајтед, па поради тоа „скокнала“ цената на Французинот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг