Унгарците ќе ги протераат организациите на Сорос: Ќе ги користиме сите средства кои што ни се на располагање

Точка

12/01/2017

11:07

2299

Големина на фонт

а а а

Унгарските власти најавија „пресметка“ со сите организации кои што ги финансира контроверзниот милијардер Џорџ Сорос.

Унгарија планира да се пресмета со невладините организации кои што се спонзорирани и поврзани со милијардерот Џорџ Сорос, сега кога новиот американски претседател Доналд Трамп влегува во Белата куќа, соопшти потпретседателот на владеачката партија на премиерот Виктор Орбан.

Унгарија ќе ги користи „сите средства кои што ги има на располагање“ за да ги „отстрани“ сите невладини организации кои што ги финансира Сорос, а кои што „им служат на светските капиталисти и ја поддржуваат политичката коректност наместо националните влади“, изјави пред новинарите Силард Немет, потпретседател на владеачката партија „Фидес“, пренесува „Блумберг“.


„Сметам дека сега е шансата за тоа, глобално гледано, благодарение на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави“, изјави Немет, пренесува унгарската државна новинска агенција „МТИ“.

Законодавците во Унгарија наскоро треба да започнат со разгледување на предлог законот кој што ќе им дозволи на унгарските власти да извршат ревизија на сите раководители на невладините организации кои што се поврзани со Џорџ Сорос.



Спонозорирани линкови

Маркетинг