Трамп: „Ако му се допаѓам на Путин, тоа е само предност”

Точка

11/01/2017

21:28

2.202

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјавил денес дека, ако добро се согласува со рускиот претседател Владимир Путин, тоа би била „предност, а не хендикеп“, но...

Претседателот кој ќе ја превземе должноста на 20 јануари, признал дека не е загарантирано дека тие двајца ќе бидат сојузници.

„Ако на Путин му се допаѓа Доналд Трамп, тоа го сметам за предност, а не за хендикеп, бидејќи имаме ужасни односи со Русија“, рекол Трамп на конференцијата за новинари која беше прва откако победи на претседателските избори во ноември, пренесува AFP.

Меѓутоа, Трамп напоменал дека не знае дали добро ќе се согласува со Путин. „Се надевам дека ќе биде така. Но, постојат големи шанси и дека нема добро да се согласуваме“, додал тој.


Исто така, Трамп на денешната прес – конференција, во присуство на околу 250 новинари во дворот на неговата кула (Trump Tower), гневно го осудил објавувањето шпекулации дека во Русија „бил фатен во компромитирачка ситуација“, истакнувајќи дека сето тоа се „лаги на болни луѓе“, но признал дека Русија стои зад хакирањето на компјутерите на Демократската партија.

„Што се однесува до хакирањето, мислам дека тоа беше Русија, но исто така мислам дека не` хакираа и други земји“, заклучил тој.

Трамп после подолго време ги повторил предизборните ветувања за Обамакер, казните за релокација на производството и ѕидот на границата со Мексико. Идниот претседател на САД рекол дека ќе ги започне преговорите со Мексико за финансирање ѕид на границата штом ја превземе функцијата.

Тој рекол дека за почеток разгледува план според кој тој ѕид би бил платен со пари од американските даночни обврзници, но дека Мексико подоцна ќе ги даде парите.


Новиот претседател рекол дека замената за Обамакер ќе биде понудена штом Сенатот ќе го потврди неговиот кандидат за министер за здравство. Тој рекол дека законот за реформа на здравствената заштита е „комплетна и целосна катастрофа“.

Трамп исто така рекол дека официјално им ја предал „комплетно и во целина“ контролата над неговата бизнис империја на своите возрасни синови Дон Џуниор и Ерик, во желба да избегне конфликт на интереси откако ќе влезе во Белата куќа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг