Некој снимил многу чудесна фотка од облаци во необична формација: Теоретичарите на заговори многу се вознемириле

Точка

11/01/2017

20:15

8815

Големина на фонт

а а а

Многумина се уверени дека ова е уште еден доказ за „chemtrails“.

Патникот Илја Катсман од австралискиот град Аделаида од авион успеал да сними феноменална глетка од облаците. „Оваа уникатна формација од облаци ја снимив на летот од Перт до Аделаида“, напишал Катсман во описот на фотографиите кои ги објавил на Инстаграм. Набрзо фотографиите на својот профил на Фејсбук ги споделила австралиската авиокомпанија Virgin, со која летал Катсман кога ги снимил облаците, пишува Business Insider.


Под нив е објавен овој коментар: „Летот над облаци никогаш не изгледал толку добро“. Фотографиите во рекорден рок привлекле многу теоретичари на заговори кои сметаат дека тие се доказ за „chemtrails“.„Chemtrails“ се траги кои ги оставаат авионите зад себе, а според теоретичарите на заговори, содржат хемиски и биолошки агенси, намерно распрскан по небото.


„Одличен пример за геоинженеринг“

„Не гледам облаци, туку само „chemtrails“, одличен пример за геоинженеринг. Неверојатно е тоа како постојат луѓе кои се` уште сметаат дека „chemtrails“ се обична теорија на заговор. Погледнете ги овие фотографии“, е само еден од коментарите под фотографијата.

„Луѓето поминале над „chemtrails“, а мислеле дека летаат низ прекрасна формација на облаци. Никогаш повеќе нема да летам со Virgin. Ги повикувам останатите да ми се придружат“, напишала Деб Ленјон.


Како настанува „Morning glory“

Но, се чини дека коментаторите сепак не биле во право. Катсман всушност, како што објаснуваат некои, го снимил природниот австралиски феномен кој се нарекува Morning glory. „На фотографиите гледаме формација на облаци која секоја пролет може да се види во заливот Карпентариа. Првата таква формација ја пријавил во 1870 година еден капетан. Не знам како поборниците за „chemtrails“ можат да го објаснат овој факт“, напишал Текс Батл. Заливот Карпентарија се наоѓа во Квинсленд. Ваквите формации на облаци најчесто настануваат во пролет кога температурата на океанот е ладна, а температурата на почвата е топла.


Спонозорирани линкови

Маркетинг