Планот на Трамп за планетата: „Само Америка има морален компас да го обликува светот, а ова се нашите најголеми противници”

Точка

11/01/2017

19:45

4.970

Големина на фонт

а а а

Идниот американски државен секретар Рекс Тилерсон се појавил денес пред Сенатот, кој според процедурата дава согласност за поставување на членови на идната администрација и во таа прилика ги претставил правците за надворешна политика на САД за време на претседателот Доналд Трамп.

„Многу е едноставно. Ние сме единствената глобална светска сила со можности и морален компас, способна да го обликува светот“, рекол Тилерсон.

Тој смета дека за да се постигне мир и безбедност во светот во 21 век е неопходно не само обновување на американското лидерство, туку и негово потврдување.


„Се соочуваме со сериозни закани во новото окружување кое се развива. Кина се истакна како економска сила на глобалниот пазар и нашите интеракции беа пријателски, но и контрадикторни“, рекол тој.

Тилерсон зборувал и за тоа како САД и целиот свет треба да му се спротистават на радикалниот исламизам, за кој вели дека не е „нова идеологија“, туку „смртоносно, нелегално изразување на исламската вера со многу омраза“.

„Ривалите како Иран и Северна Кореја претставуваат големи закани за светот поради нивното одбивање да се прилагодат кон меѓународните норми“, рекол тој.


Зборувајќи за Русија, Тилерсон рекол дека таа „бара почит и релевантност на глобалната сцена“, а сепак, нејзините неодаменшни активности „ги занемариле американските интереси“.

„Мораме добро да го согледаме односот со Русија. Русија денес претставува опасност, но напредокот во остварувањето на нејзините цели не е непредвидлив. Нашите НАТО сојузници се во право што се во состојба на готовност поради Русија“, рекол Тилерсон.

Меѓутоа, кога конзервативниот сенатор на Флорида Марко Рубио го прашал дали рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“, Тилерсон одговорил дека „не би го употребил тој термин“.


На упорното инсистирање на Рубио, кој изнел тврдења за наводни воени злосторства на руските сили во Чеченија и Сирија, Тилерсон одговорил дека тоа се сериозни обвиненија и дека би му требале повеќе податоци и докази за тоа.

Тилерсон во обраќањето кон Сенатот не го споменал наводното руско хакирање со цел влијаење на претседателските избори во САД.


Спонозорирани линкови

Маркетинг