Марадона покрај светската убавица: Ева навистина изгледала сензационално

Точка

11/01/2017

19:11

6.183

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на "The Best FIFA Football Awards" беше одржано пред два дена во Цирих. На церемонијата имаше многу спортски ѕвезди, но тука беше и таа, домаќинката на вечерта – неодоливата Ева Лонгорија.


Славната актерка се појавила облечена во тесен бел фустан кој ги откривал нејзините заносни облини. Таа цела вечер пленела со некоја посебна убавина. Ева секогаш изгледа атрактивно, но пред два дена се надминала самата себе.


Домаќин бил и фудбалската легенда Диего Марадона кој се нашол на бината покрај прекрасната убавица и сопруга на Хосе Антонио Бастон, директорот на „Телевиса“.


Како и да позирала, Ева изгледала сензационално. Се` на неа било совршено, облеката, шминката, фризурата...


Нејзиното лице изгледа беспрекорно. Се надеваме дека холивудската ѕвезда не побарала помош од хирург за да изгледа вака...


Сите сакале да се фотографираат со прекрасната домаќинка, а таа навистина зад себе го оставила еден од најдобрите настапи во кариерата.


Вечерта била посебна и за Кристијано Роналдо кој беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг