Барселона испрати јасна опомена до Пике, ќе видиме каков ќе биде одговорот од стоперот

Дерби

11/01/2017

22:00

2.819

Големина на фонт

а а а

Жерард Пике предизвика голем немир во шпанската спортска јавност со зачестените критики кои ги испрати до судиите во Примера, потези со кои ја доведе во прашање работата на одговорните луѓе во Ла Лига и шпанската федерација.

Стоперот испрати јасна порака до претседателот Хавиер Тебас алудирајќи дека судиите и наштетуваат на Барселона, а му помогаат на Реал Мадрид со своите последни одлуки, а ваквиот негов став му даде една лоша слика на шпанското првенство зад кој сепак не стојат одговорните луѓе на клубот.

Луис Енрике на вчерашната прес-конференција истакна дека најлесно од се е да се обвинуваат судиите наместо да се гледа вината кај себе, а денеска извршниот директор на Барселона го поддржа тренерот и му испрати јасна порака на Пике.

Оскар Грау го опомена Пике и побара од него повеќе да не зборува за судиите преку медиумите, а сега преостанува да видиме каков ќе биде одговорот од страна на централниот дефанзивец на наредните неколку натпревари.

– Можеме да ја сфатиме фрустрацијата и ударот кој го доби Пике, но ако го бараме најдоброто за Барселона, тогаш не смееме да зборуваме за судиите. Разговаравме со капитените и со Пике и му посочивме кој е ставот на клубот. Најдобро е да не се зборува за судиите, – порачува Грау.


Спонозорирани линкови

Маркетинг