Партизан ја потврди ригорозната казна од страна на УЕФА, но соопшти и еден важен детаљ

Дерби

11/01/2017

21:00

1.439

Големина на фонт

а а а

Влијателните српски медиуми ова попладне ја пренесоа информацијата дека Партизан е суспендиран осд страрна на УЕФА со тригодишназабрана за играње во Европа, па иако во прво момент ова изгледаше навистина сериознао, од клубот сега излегоа со соопштение кое ги смири фановите на тимот од Белград.

Всушност, од клубот потенцираат дека станува збор за условна казна поради неподмирените долгови, но она што се појаснува е дека истите ќе бидат расчистени до предвидениот рок кој им е даде како последен од страна на европската куќа на фудбалот.

– Станува збор за старт долг за кој веќе сите сме запознаени во клубот. Ќе имаме голем проблем само во случај ако не платиме, а ние ќе го направиме тоа. Точно е тоа дека сме казнети, но казната е условна, – истакнал Милош Вазура, генералниот директор на „црно-белите“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг