Клатенборн најавува нова ера во Заубер

КРУГ.МК

11/01/2017

19:00

797

Големина на фонт

а а а

Финансиските проблеми со кои Заубер се судираше на почетокот на 2016 година се минато со превземањето од страна на Лонгбоу Фајнанс кои вбризгубаа свежа капитал во Формула 1 екипата. Позитивно за новата ера во Заубер говори тимскиот шеф Мониша Калтенборн.

„Доаѓањето на инвеститорите означи целосно нова ера во Заубер. Како прво, основачот на тимот не е повеќе во сопственичката структура, за прв пат во историјата на екипата. Имаме стабилност, соодветна поддршка, можеме да продолжиме да работиме како што сакаме, да напредуваме и да се развиваме, можеме да имплементираме работи кои долго време ги баравме и ни беа во фиока чекајќи подобри времиња. Сето тоа се чувствува во тимот и во мотивацијата на лушето, во нивниот пристап кон трките и стратегиите. Имаме и нови луѓе кои ќе ни се приклучат и кои ќе направат голема разлика“.

Калтенборн многу често е гласноговорник на помалите тимови во спортот.

„Мислам дека “приватниците“ се сржата на спортот. Ако анализирате, очигледно е дека производителите доаѓаат и си одат, сите го знаеме тоа и сите сме го искусиле тоа. Само времето одлучува кога ќе дојдат и кога ќе ја остварат целта и ќе си одат. За големите производители, како што беше случајот со БМВ, второ место не е знак прашалник, тоа не е доволно добро за нив, тие секогаш мора да се на врвот.

За нас, ова е наш главен бизнис. Ние не сме некоја маркетинг платформа која многу чини и каде ги покажуваме нашата технологија и достигнувања. Ние тоа го работиме, ние се тркаме и за тоа сме тука без разлика што се случува во спортот.

Производителите доаѓаат и си одат, а ние остануваме и се бориме со какви и да се предизвиците пред нас и мислам дека тоа треба повеќе да се цени. Ние, помалите екипи, сметам дека привилегијата која големите тимови ја имаат го унишптува натпреварувањето.

Не сме лимитирани само на овој лош период кој го имавме во последно време. Имаме историја од 45 години во моторспортот, а луѓето не треба да не гледаат во духот на она што го постигнавме во 2014 или 2016 година. Ние сме Европска екипа, швајцарска екипа и така и се гледаме. Претставуваме силна инженерска компанија затоа што не сме само Формула 1, ние сме инженери и даваме високо квалитетни услуги. Важно е да покажеме дека повторно имаме стабилност, дека растеме и дека стануваме повторно технолошки центар“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг