Браун: Ф1 мора да им помогне на малите екипи

КРУГ.МК

11/01/2017

17:25

476

Големина на фонт

а а а

Рос Браун смета дека Формула 1 мора да им понуди реални финансиски услови на малите екипи, кои ги сочинуваат последните редови на гридот.

Минатата недела спортот беше потсетен на тешкотиите низ кои минуваат овие екипи и кои не уживаат во адекватна поддршка, кога Манор Рејсинг премина во стечајна постапка откако не обезбеди нови инвестиции.

Изедначено поле за игра би било идеално за интересите на Формула 1, според Браун, а спортот мора да се фокусира кон естаблирање на такви темели.

„Една од целите треба да биде изедначување на разликите помеѓу малите и големите екипи. Исто така и намалување на предноста во перформанси, која пак зависи од нивото на инвестиции кои го добиваат големите тимови.

Како може да го изедначите тоа? Мислам дека тоа е добра точка за споредба за Ф1, да им овозможи живот на малите екипи и да ги доведе до конкурентни нивоа, со цел да придонесат кон нееднакви резултати на трките – тоа би било возбудливо“, изјави Браун за ЕСПН.

Човекот кој ги постави темелите за сегашниот успех на Мерцедес вели дека економските услови секогаш ќе бидат еден од главните фокуси за било кој тим, но проблемот е што истите особено истакнати за малите екипи, чиишто одлуки директно зависат од менаџирање со буџетот.

„Малите екипи зависат толку многу од спонзорската поддршка на нивните возачи што влијае директно над одлуките кои ги носат за тие возачи.

Мислам дека тоа е уште еден елемент на функционална Формула 1, малите тимови да бидат финансиски независни“, додаде Браун.


Спонозорирани линкови

Маркетинг