Крај на една ера: Последните 100 примероци на Civic Type R ќе бидат Black Edition

Точка

11/01/2017

19:00

1.479

Големина на фонт

а а а

Во фабриката на Хонда во Свиндон, Велика Британија моментално се склопуваат последните 100 примероци од Honda Civic Type R од деветата генерација, пред да започне производството на новата генерација чија што продажба започнува во март.

Во чест на заминувањето во историјата и крајот на ерата на доста успешната девета генерација, во Хонда одлучија последните 100 примероци од врвната спортска изведба да бидат всушност – Black Edition и да се продаваат исклучиво на пазарот во Велика Британија.


Очекувањата се дека „контигентот“ ќе биде веднаш распродаден, затоа што цената за еден Type R Black Edition ќе изнесува околу 32 илјади фунти, односно исто колку и моделот Civic GT.


Овој модел на Civic Type R е познат како „тркачкиот автомобил на улиците“, со оглед на тоа што под хаубата има дволитарски VTEC турбо мотор со 310 коњски сили, кој што има максимален обртен момент од 400 Nm.

Последните 100 примероци на Civic Type R Black Edition ќе добијат и посебен црн ентериер со црвени детали и нешто поинаков заден спојлер, по што овие примероци ќе бидат посебно препознатливи и со тоа повеќе примамливи, посебно за колекционерите.





Спонозорирани линкови

Маркетинг