Паметна канта за ѓубре? Тоа е возможно со овој уред!

Точка

11/01/2017

20:00

2666

Големина на фонт

а а а

На саемот за потрошувачка електроника CES веќе се претставени неколку интересни уреди за идните „паметни домови“.

Баш и како што се најавуваше, овогодишниот CES е апсолутно насочен кон „интернет работите“, односно уредите кои што во иднина лесно ќе се вклопат во нашите „паметни домови“ и ќе ни олеснат бројни секојдневни работи кои што ги извршуваме.

Еден од таквите уреди е токму GeniCan кој што вашата обична канта за ѓубре, ќе ја претвори во „паметна канта за ѓубре“. Иако на прв поглед сето ова изгледа како шега, сепак мора да признаеме дека идејата и не е така лоша, а сигурни сме дека со текот на времето уредот ќе стане уште понапреден и поедноставен за употреба.

Имате ли потешкотии со составувањето на долгите списоци пред да заминете во супермаркет? Колку пати сте се вратиле дома без потребната намирница затоа што сте „едноставно“ сте заборавиле? Токму овој дел од животот ќе ви го олесни GeniCan.


Имено, откако овој уред ќе го монтирате во кантата за ѓубре, GeniCan ќе ви помогне врз основа на тоа што го фрлате во кантата за ѓубре, да направите листа со потребните намирници за следен пад кога ќе одите во супермаркет.

GeniCan е опремен со читач на бар кодови, сличен на оној што го имаат на касите во продавниците. Кога ќе ја фрлите празната амбалажа, GeniCan ќе го скенира бар кодот и ќе го скенира производот, па истиот веднаш ќе биде запишан на листата со потребни намирници во спецјалната апликација на вашиот паметен телефон.

Ако во случај да нема бар код на амбалажата, GeniCam има систем за препознавање на гласот, па едноставно само ќе го информирате што фрлате во кантата за ѓубре, па истото ќе биде додадено на листата. Уредот веќе може да се порача по цена од 125 американски долари, а се очекува да биде пуштен во продажба во првиот квартал од оваа година.



Спонозорирани линкови

Маркетинг