Заев-Алтхаузер: Нова силна влада посветена на реформите, која ќе води реална политика

Макфакс

11/01/2017

16:43

720

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во средата се сретна со германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, со која разговараа околу потребата од продолжување на демократските процеси во Македонија и формирање нова, силна, посветена Влада кон реформските приоритети, соопштуваат од СДСМ.

„Мнозинството граѓани на Македонија дадоа поддршка за демократска Македонија наспроти режим. Режимот е срушен со пенкало и глас. Исто така, силна поддршка од граѓаните доби концептот на заедништво за којшто се определи СДСМ, наспроти концептот на поделби на досегашната власт. На тоа сме многу горди и сето ова е силен ветар во грб за добрата иднина на Македонија. Граѓаните избраа промени. Сега очекуваат квалитетен живот и развој на државата“, рече Заев.

На средбата беа посочени како клучни препораките во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе. Разговарано е посебно за потребата од реформа на судскиот систем, според најдобрите практики во регионот и светот, како и околу потребата СЈО целосно да ја заврши својата работа, со цел да се обезбеди функционирање на правдата и правната држава во земјава, додаваат од СДСМ.

Заев оцени дека во Македонија е завршено времето на политичари кои владеат со провокации и реторика на конфликт и навреди кон домашната и меѓународната јавност, како и дека доаѓа време на реална политика во Македонија исклучиво во интерес на граѓаните и на евроатлантските перспективи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг