Добил само 5 години за силување на девојче: Нејзиниот татко го убил и ќе лежи 40 години!

Точка

11/01/2017

16:11

6502

Големина на фонт

а а а

Рејмонд Ерл Брукс ја силувал Џулија Мејнор од нејзината четврта до осмата година, а кога судот му изрекол скандалозно ниска казна, таткото на девојчето, 43-годишнито Џеј Мејнор ја земал правдата во свои раце.

Брукс бил очув на мајката на Џулија и бил константно покрај неа, а бидејќи била многу мала, манипулирал со неа и ја убедувал дека е посебна, и дека тоа што го прави тој е сосема нормално. За среќа, девојчето собрало сили и раскажало на родителите, кои повикале полиција.

Злосторникот во 2002. година бил осуден откако признал дека го злоставувал девојчето. Не само што судот го осудил на скандалозно мали пет години затвор, туку и поради "добро однесување" го ослободил по две години и три месеци. Платил и парична казна и се преселил во истиот град во Алабама, во кој живеела и Џулија.




Џулија, која денес има 24 години, во меѓувреме станала мајка на три деца, но и натаму не можела да ги заборави ужасите од детството. Поради траумата била во депресија, и пропаднал бракот, а Брукс и подоцна и го уништувал животот.

Нејзиниот татко, Џеј Мејнор, не можел повеќе тоа да го гледа. Кога неговата ќерка на еден заеднички ручек се расплакала во налет на тага и бес, му кажала дека би сакала да е мртва, а таткото полудел. Седнал на мотор, и ја напуштил куќата со пиштол.



Го нашол Брукс на тремот од неговиот дом, два пати му пукал во градите и го убил. Бил уапсен и осуден на 40 години затвор. Адвокатите велат дека сигурно би добил помала казна доколку Џулија на суд сведочела за теророт кој Брукс го вршел над неа, но Џеј не сакал да го изложува своето дете на дополнителна траума. Се договорил со обвинителството и без судење прифатил 40 години затвор.




"Мојот татко го направи тоа што би го направил секој на негово место. Тој е прекрасен човек, и уште подобар родител. Срцето ми се крши што е зад решетки. Знам дека не сака исто како и ние него", рекла Џулија за медиумите во декември 2016. година.



Спонозорирани линкови

Маркетинг