КГБ оргии: Ова се шокантните детали за наводните сексуални перверзии на Трамп со проститутки во Москва

Точка

11/01/2017

17:31

13.901

Големина на фонт

а а а

Руските власти уште во текот на 2013 година ги искористиле личните опсесии и сексуалните перверзии на Доналд Трамп, сега новиот претседател на САД, за од него да соберат компромитирачки материјал, со кој денес можат да го уценуваат, се наведува во непроверениот извештај на еден британски разузнавач, кој вчера како бомба одекнал во американската и светската јавност.

Во овој извештај, кој Џон МекКејн, конзервативен американски политичар, го проследил на ФБ, пишува дека рускиот претседател Владимир Путин "го поддржувал и му помагал" на новиот претседател на САД најмалку пет години, со цел преку него да предизвика "пукнатини и поделби во западниот сојуз". Угледниот Guardian истакнува дека станува збор за непроверен извештај во кој се наоѓаат и некои очигледни фактички грешки, но додава, повикувајќи се на неименуван извор, дека го направила личност која секогаш била доверлива, педантна и секогаш добро информирана, со репутација на човек со голем број на контакти во Русија.


Проститутки и вулгарни перверзии во луксузен хотел

Британскиот разузнавач тврди, повикувајќи се на извесен "извор Д", кој наводно бил присутен на целиот настан, дека Путин во 2013. година го закупил претседателскиот апартман во "Риц Карлтон" хотелот во Москва, истиот тој во кој претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел престојувале при една официјална посета на Москва. Во извештајот се наведува дека Трамп "ја мрази Мишел Обама", и дека имал оргии за да го скрнави креветот во кој таа спиела во тој апартман.

"Изнајмил извесен број на проститутки, кои пред него уринирале на тој кревет. Се знае дека тој хотел е под надзор на ФСБ, која има микрофони во сите главни соби", пишува во извештајот.


Авторот на извештајот понатаму наведува дека извесен "Извор Е" потврдил дека споменатиот настан навистина се случил. Авторот на извештајот тврди и дека во 2016. година разговарал со "Извор Б", поранешен руски разузнавачки офицер, кој рекол дека необичното однесување на Трамп во Русија го обезбедувал Кремљ во текот на години, за да собере доволно компромитирачки материјал за уценување.

Путин му бил "од голема помош" на Трамп

На крајот, во извештајот се наведува дека "Извор А" потврдил дека Кремљ го снабдувал Трамп и неговиот тим со вредни разузнавачки податоци за противниците на Трамп, вклучувајќи ја и Хилари Клинтон, претседателската кандидатка на Демократската партија . Тоа на авторот му го потврдил и "Извор Д", близок соработник на Трамп, кој ги организирал неговите престои во Москва, нагласувајќи дека руската разузнавачка помош била "од големо значење".


Кремљ, наводно, одел толку далеку што му нудел на Трамп големи градежни бизниси во Русија во врска со претстојното Светско првенство во фудбал во таа држава. Сепак, Трамп од засега непознати причини не влегол во ниеден од бизнисите.

Сите светски медиуми наведуваат дека овој извештај засега е непроверен и непотврден, и дека во него се провлекуваат некои фактички грешки. Трамп на Твитер ги отфрлил овие обвиненија.


Спонозорирани линкови

Маркетинг