Не ни помислуваат да попуштат: Полетаа кинеските стратешки бомбардери

Точка

11/01/2017

17:00

2878

Големина на фонт

а а а

Откако неколку воени бродови и подморници „го потврдија кинеското присуство“ во Јужното кинеско море, деновиве небото над „спорната територија“ го прелетуваат и кинески стратешки бомбардери.

Пекинг уште еднаш одлучи да ги покаже своите мускули во регионот – имено, од 1-ви јануари 2017-та година, кинеската армија започна ја надлетува спорната територија во Јужното кинеско море, односно територијата над вештачки изградените кинески острови.

Да потсетиме, станува збор за исклучително стратешки важен поморски премин на кој што полагаат територијално право неколку земји, но сепак, Кина како најголема воена сила во регионот, изгради вештачки острови кои што тврдат дека сега се нивна територија, а со својата воена присутност покажуваат дека се одлучни во својата намера.


Кинезите уште еднаш покажаа дека немаат намера да се откажат од својата цел, иако отворено признаа на некој начин дека ги иритира тоа што САД испраќа поморски патроли кои што според Американците имаат за цел да обезбедат слободна навигација на овој простор.

Со други зборови, американските воени бродови влегуваат на просторот кој што Кинезите го сметаат за свои територијални води и САД директно со тоа го оспорува правото на Кинезите кои што отворено „се лутат“, но досега немаат превземено никаков чекор за да ја заштитат „својата територија“.

Во секој случај, аналитичарите велат дека дури и кога Кинезите би ја испратиле целата своја армија на просторот на Јужното кинеско море, тие нема да можат да го сметаат тој простор за „ексклузивно свој“, затоа што ниту пак Американците немаат намера да сопрат со прелетувањето на просторот и испраќањето на воени бродови во близина на островите.


Мора да се нагласи дека за неколку дена во Белата куќа ќе се всели новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој што веќе со контактирањето со властите од Тајван на некој начин го започна процесот на влошување на американско-кинеските односи.

Покрај тоа, Трамп веќе и најави дека ќе биде поостар кон Пекинг од својот претходник, па слободно може да се каже дека американско-кинеските односи немаат светла иднина.


Спонозорирани линкови

Маркетинг