Памела Андерсон е целосно непрепознатлива: Се изобличила со многуте пластични операции

Точка

11/01/2017

17:10

6.869

Големина на фонт

а а а

Затегнатото лице до пукање и здрвената насмевка ги запрепастиле присутните на еден хуманитарен настан во Лос Анџелес.

Славната актерка Памела Андерсон му подлегнала на тренсот на пластични операции и очигледно претерала во тоа. Славната русокоса минатиот викенд се појавила на еден хуманитарен настан во Лос Анџелес и ги запрепастила присутните со својот изглед.


Иако отсекогаш важеше за една од најубавите жени во светот, нејзиното лице денес изгледа целосно изобличено. Затегнатото лице и замрзнатата насмевка ги шокирале присутните на настанот. Актерката никогаш не ја криеше својата наклонетост кон пластичната хирургија, но пред неколку години изјави дека сите корекции кои ги сакала веќе ги направила и дека повеќе нема да оди под нож.


„Она што веќе го направив на себе ќе остане тука засекогаш, но не сакам ништо дополнително да правам. Понекогаш ќе направам чистење на лицето или сличен третман, но сигурно нема повторно да одам под нож“, изјави своевремено зајачицата на Плејбој. Меѓутоа, судејќи по најновите фотографии, Памела го погазила своето ветување.





Спонозорирани линкови

Маркетинг