Планот на Путин за здрава нација: Цигарите ќе бидат забранети со закон за лицата родени после 2014-та година

Точка

11/01/2017

16:00

3.076

Големина на фонт

а а а

Забраната за продажба на цигари на младите генерации, практично за неколку децении ќе го направат пушењето во Русија нелегално.

Руските власти овој период сериозно работат на планот кој што вклучува трајна забрана за продажба на цигари на лица родени после 2014-та година. Оваа иницијатива доаѓа во рамките на националната анти-пушачка стратегија која што започна пред пет години.

Забраната за продажба на цигари на помладите генерации, практично со текот на времето пушењето во Русија ќе го направи целосно нелегално.


Новинарите на рускиот интернет портал „Известија“ добиле увид во документот насловен како „Концепт на државна политика за борба против консумацијата на тутун во период од 2017-та до 2022-ра година и понатаму“. Во меѓувреме, руското Министерство за здравје потврди дека документот постои и истиот им е поделен на членовите на владата.

„Нашата цел е апсолутно идеолошки коректна“, изјави Николај Герасименко, член на државниот комитет за здравство.


Анти-пушачките активисти повикуваат а превземање на слични мерки и во останатите држави во ширум светот, но никаде досега ваквиот предлог не бил подржан од страна на владата.

Пушењето во Русија е противзаконско во јавни објекти, на чекалиштата во станиците и аеродромите. Сепак, и покрај таквите забрани, Русија е земја со исклучително висок процент на пушачи – околу 40 проценти. Во тобаката ширум државата можат да се најдат кутии цигари кои што се поевтини дури и од македонските, а вкупната вредност на пазарот со тутун во Русија изнесува над 20 милијарди долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг