Франција располага со фантастичен буџет од 30 милиони евра за СП, се очекува најдобриот ракометен спектакл во историјата

Дерби

11/01/2017

14:52

599

Големина на фонт

а а а

Ракометниот спектакл наречен Светско првенство ќе стартува оваа вечер со дуелот меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Бразил, а бројките кои ни пристигнуваат од официјалниот сајт на ИХФ ни доловува една навистина позитивна слика за ракометот како спорт.

Франција важи за една од најракометните земји во светот, а со тоа што ја има улогата на домаќин на мундијалот, овој спорт добива значителен поголем број на спонзори на долга релација. Еден Парк, Рено, Лидл се најновите светски компании кои ќе ја имаат улогата на спонзори на овогодинешното издание на Светското првенство, а врската нема да биде краткорочна со оглед на тоа што се потпишани неколкугодишни договори со француската ракометна федерација.

Како што информираат од ИХФ, во последните 10 години спонзорските договори на Светските првенства се за трипати зголемени, па така од 3 милиони во 2006, Франција сега ќе добие 9 милиони од спонзорите кои ќе помогнат при организацијата на големото натпреварување.

– Повеќе нема никаква дилема околу тоа, нашиот спорт стана атрактивен за спонзорите. Ние имаме голем бенефит од добрите резултати на француската репрезентација во изминативе 20 години, но исто така и од организацијата на претстојното Светско првенство во 2017 година. Женското Европско првенство кое ќе следи наредната година ќе биде продолжување на ракометниот тренд во нашата земја, – вели Жан-Пјер Фејан, потпретседателот на француската федерација.

Како што велат официјалните бројки, вкупниот буџет на претстојното Светско првенство изнесува 30 милиони евра, од кои 60 проценти се обезбедни од билетите за натпреварите и угостителство (18 милиони), 27 проценти од субвенции од државата (8 милиони), 6,5 проценти од ИХФ и ФФХ (2 милиони) и 6,5 проценти од партнери за промоции (2 милиони).


Спонозорирани линкови

Маркетинг