„Кукавицата Обама го доведе светот на работ на бездната"

Точка

11/01/2017

15:03

5.544

Големина на фонт

а а а

Неговите поддржувачи и симпатизери исто така ќе сносат голем дел од вината, пишува за британски „Гардијан“ Корнел Вест, автор и професор по јавна филозофија на Харвард.

Кандидатот на надежта и промените одново и одново не ги остваруваше своите цели.

„Пред осум години светот ја славеше инаугурацијата на брилијантниот и харизматичен црномурест претседател на САД. Денес сме на работ на бездната – наскоро не очекува инсталацијата на неговата лажна замена“, стои во текстот објавен во британски „Гардијан“.

Како што пишува, тоа е депресивен пад во „најмоќното царство во светот“. Лесно може да произведе општ цинизам и отровен нихилизам. Дали има воопшто некаква надеж за вистина и правда? Може ли Америка да биде искрена самата кон себе, запрашува Корнел Вест.


„Добата на Барак Обама можеби беше последниот период кога можевме да се одтргнеме од неолиберализмот. Нашиот свет е задушен од забавни брендови и активности кои што немаат врска со вистината, со честа или долгорочното преживување на планетата. Сведоци сме на постмодерна гангстеризација на модерниот свет“.

Обама во 2009-та година го спаси Вол Стрит. Неговата администрација рече дека немало убиени цивили во нападите на беспилотните летала. Потоа ни рекоа дека само неколкумина биле убиени. Потоа можеби и 65. Но, кога беше убиен еден американски цивил, веднаш се организираше конференција и беше доделена финансиска компензација.

За време на протестите против убиството на црномурестиот млад дечко, во затвор завршија лицата кои што протестираа. За време на протестите против убивањето на над 2 илјади Палестинци од страна на Израелците (меѓу кои и 550 деца), Обама им даде 225 милиони долари помош на Изралеците, односно на нивната армија. Неговата образовна политика затвори стотици јавни училишта.


Едвард Сноуден, Чеси Менинг и останатите кои што ја открија вистината беа демонизирани, меѓутоа злосторниците кои што беа откриени во снимките од разговорите воопшто не беа споменувани.

Недостатокот на храброст на Обама да се соочи со криминалците од Вол Стрит и нападите со беспилотни летала доведоа до раст на десниот популизам дома и исламистички бунтови на Блискиот исток.


За време на неговото владеење беа депортирани 2,5 милиони лица. Берни Сандерс се обиде да создаде лев популизам, но беше уништен од Хилари Клинтон и Барак Обама во „наместените предизбори во Демократската партија“.

Сега се наоѓаме пред влезот во неофашистичката ера – неолиберална економија на стероиди, милитаристичка влада желна за војување која што го негира глобалното затоплување.


Спонозорирани линкови

Маркетинг