Најлуд секс скандал во историјата: 10 години го чувала љубовникот на таван, а потоа се случил шок

Точка

11/01/2017

14:42

13.729

Големина на фонт

а а а

Родена во далечната 1880. година некаде во Германија, Валбурга "Доли" Кершхел била вмешана во еден од најбизарните секс скандали во светската историја. Имено, се омажила за богат сопственик на успешна фабрика за кецели, но бракот не ја задоволувал. Поради тоа се свртела кон љубовниците.

Бизарната приказна започнува еден есенски ден во 1913. година, кога го замолила својот сопруг, Фред Остерејх, да прати еден негов вработен да ја поправи нејзината машина за шиење. Кога 17-годишниот Ото Санхубер тропнал на вратата, Доли го пречекала практично гола. Машината за шиење останала недопрена, а тој судбоносен ден го означил почетокот на нивната врска, која ќе потрае со децении.

Како што во тоа време пишувал LA Times, на почетокот Ото и Доли се состанувале во хотели во тајност, но наскоро почнале да се состануваат и во брачниот дом на Остерејхови. Висконсин во тоа време бил центар на конзервативното американско општество и соседите почнале да се бунат поради честите посети на непознатото момче кај мажената жена. Доли добила една убава идеја.

Ото ќе даде отказ и ќе се пресели на таванот на Остерајхови, каде ќе може да ужива во предностите на врската без да го гледаат соседите. Ото би морал да се откаже од секаков човечки контакт, освен секојдневните уживања со Доли. Него тоа не му пречело премногу и наскоро почнал да живее на таванот. Во текот на вечерта практично ги голтал книгите кои Доли му ги носела од книжарницата во близина.




Често мечтаел за живот на писател на романи. По пет години таен живот, Ото успеал да објави неколку романи под псевдоним, но Фред Остерејх почнал да тоне во лудило. Слушал неописливи звуци од таванот, цигарите му исчезнувале, и често гледал сенка која минува пред вратата на спалната соба. Во 1918. година решил да се пресели во Лос Анџелес, не знаејќи дека сенката ќе го следи.

Доли прифатила да се преселат, но под услов новата куќа да има таван. Во Лос Анџелес брачниот пар често се расправал, и кога во 1922. година избила жестока расправија, Ото се симнал од таванот и го убил Фред за да ја заштити својата љубовница. Помалку во паника се договориле дека Ото ќе ја заклучи Доли во ормарот и ќе глуми дека некој провалил во домот за да ги ограби и притоа го убил Фред. Полицијата поверувала во таа приказна бидејќи немале причина за сомнеж, бидејќи Доли била заклучена во орманот по убиството. Вдовицата го наследила богатството и добила слобода да ужива во љубовта со Ото. Меѓутоа, продолжила да го чува на таванот, а Ото подоцна рекол дека станал роб на љубовта кон Доли.




Додека претходниот љубовник го чувала на таванот, Доли се свртела кон нови љубовници. Почнала врска со адвокатот Херман Шапиро, но и со Рој Клумб. На Херман по грешка му го подарила часовникот на покојниот Фред, и тоа часовникот чие исчезнување го пријавила по убиството на сопругот. Покрај тоа Рој го замолила да се ослободи од оружјето со кое бил убиен Фред. Во една прилика, при една жестока расправија, Рој одлучил се да и каже на полицијата. Доли на Херман му кажала и дека треба да го нахрани својот брат кој се крие на таванот.

Ото бил пресреќен што за прв пат по речиси десет години разговарал со некој друг човек освен Доли. Херман не бил воопшто задоволен од тоа што Ото е на таванот и веднаш го избркал. Исплашениот Ото побегнал во Канада.



Неколку години подоцна, во 1930. година, Херман и Доли се разделиле во лоши односи, па адвокатот раскажал се во полицијата. Полицијата ја уапсила Доли и ја ставила на обвинителната клупа. На Ото му било судено во отсуство и бил прогласен за виновен, но бидејќи злосторството застарело, продолжил да живее како слободен човек. Доли пронашла нов љубовник, со кој живеела среќно во наредните 30 години.


Спонозорирани линкови

Маркетинг