Како познавањето на два јазици може да ви помогне во староста?

Точка

11/01/2017

14:33

4.234

Големина на фонт

а а а

Ново научно истражување покажува дека луѓето кои што говорат два јазици помалку ги губат способностите на мозокот во староста.

Научниците потврдија дека познавањето на два јазици има импликации на вашиот мозок далеку повеќе отколку лингвистиката. Имено, подоцна во текот на животот, односно во староста, познавањето на два јазици може значително да помогне во „развивањето“ на човековиот мозок.

Според најновото научно истражување, луѓето кои што најмалку говорат два јазици, во помал степен ги губат способностите на мозокот во староста, а тоа секако помага и во другите ефекти при стареењето.

Студијата која што ја води Ана Инес Ансалдо на Универзитетот во Монтреал, на одделението за геријатрија, открива дека во староста, мозокот на луѓето кои што говорат два јазици може да биде поефикасен кога станува збор за одредени активности.


Анализите биле извршени на група на постари лица, а некои од нив говореле по два јазици. На сите лица им бил даден тест за фокусирање на визуелни информации, додека останатите биле намерно занемарувани.

Луѓето кои што говореле по два јазици покажале подобра поврзаност со визуелните делови од мозокот, а токму само нивните мозоци потрошиле помалку енергија за да ја исполнат зададената задача.

Научниците сметаат дека после една година пракса на користење на друг јазик, тие лица, односно нивните мозоци развиваат способност за да ги препознаат вистинските информации кои што им се потребни за извршување на некоја задача и да ги игнорираат другите, непотребни информации.


Спонозорирани линкови

Маркетинг