WikiLeaks се сомнева во веродостојноста на извештајот за хакирањето на Трамп

Макфакс

11/01/2017

14:31

376

Големина на фонт

а а а

Организацијата WikiLeaks е убедена дека не се веродостојни документите на чија основа американските медиуми пишуваат дека руските разузнавачки служби со помош на кибернетички упади собирале компромитирачки докази за новиот американски претседател Доналд Трамп.

„Тие 35 страници, објавени од порталот BuzzFeed во врска со Трам, не претставуваат разузнавачки извештај. Стилот, фактите и датумите (во него) не изгледаат веродостојни“, се наведува во изјавата од WikiLeaks објавена на микроблогот Twitter.

Телевизијата CNN, повикувајќи се на тврдења на американски функционери, објави дека на разузнавачкиот брифинг во Њујорк, челниците на американското разузнавање на Трамп му ги предочиле расположливите докази дела руските тајни служби наводно поседуваат информации од лична и од финансиска природа кои го дискредитираат новоизбраниот претседател на САД.

Според изворите, станува збор за резиме, коешто е дел од извештајот за хакерските напади за кои Вашингтон ја обвинува Москва, во чија основа се белешките на поранешен припадник на разузнавањето на Велика Британија.

Порталот BazzFeed (линк) го објави во вторникот документот за кој тврди дека е извештајот кој му е доставен на Трамп, кој тоа го коментираше како „лов на вештерки“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг