Жестока расправија во Советот за безбедност: Амбасадорката на САД ја нападнала Русија, Чуркин жестоко возвратил

Точка

11/01/2017

14:14

10.010

Големина на фонт

а а а

Американската амбасадорка при Обединетите Нации, Саманта Пауер, ја критикувала Русија на седницата на Советот за безбедност на ОН, поради окупацијата и присоединување не делови од Украина и, како што кажала "немилосрдните воени напади" во Сирија.

Рускиот амбасадор при ОН, Виталиј Чуркин, возвратил на обвиненијата на администрацијата на претседателот Барак Обама, дека "очајнички бара виновник", за своите неуспеси во Ирак, Сирија и Либија.


Жестоката и огорчена размена на зборови се случила на седницата на Советот за безбедност при ОН, откако новиот генерален сектретар Антонио Гутерез изјавил дека негови приоритети се спречување на судири и зачувување на мирот.


Судирот на Саманта Пауер и Виталиј Чуркин ја покажува големата поделеност на ОН и тешкотиите со кои Гутерес се соочува, но ја покажува и лошата состојба на американско-руските односи, кои се најлоши уште од времето на Студената војна, констатира AP.



Спонозорирани линкови

Маркетинг