Почина уште еден затвореник

Макфакс

11/01/2017

13:43

558

Големина на фонт

а а а

Затвореник почина во болница, Македонец од Австралија најден мртов во својата куќа во Лескоец, еден демирхисарец се удави во бунар.

Во вторникот, околу 11 часот во Скопје во клиничкиот ценатр „Мајка Тереза“ починал М.А. (73) од Гостивар кој бил на отслужување на казна затвор во КПУ „Идризово“ во времетраење од 4,5 години. Истиот на лекување бил донесен на 02.01.2017 година, прво на Клиника за нефрологија, а откако му се влошила состојбата, на 03.01.2017 година бил префрлен на „КАРИЛ“, каде и починал. Телото на починатиот било предадено на обдукција. Затвореник почина и ден претходно, кој боледувал од рак.

Истот ден, околу 18.30 часот во село Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П.В. (66), кој бил државјанин на Македонија и на Австралија. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено за обдукција.

Во Демир Хисар, пак, на ул.„4-ти Јули“ во дворното место, самоубиство со давење во бунар со вода извршил Д.Т. (59). Смрт била констатирана од страна на лекар од Здравствениот дом Демир Хисар, а увид извршила увидна екипа од ОКТУПА од СВР Битола.


Спонозорирани линкови

Маркетинг