Роналдо во голем стил му одговори на Овен за непотребната и невкусна „шега“

Дерби

11/01/2017

13:18

2.285

Големина на фонт

а а а

Мајкл Овен со невкусна шега го прозва легендарниот Бразилец Роналдо по заедничката посета која ја имаа во Реал Мадрид, но дека коментарот на поранешниот англиски напаѓач воопшто не му се допаднал на „Ел Феномено“ може да се заклучи од последната изјава на Луис Назарио.

Роналдо одлучи културно и без навреда да му одговори на својот некогашен соиграч од Реал, кој само да потсетиме го искористи својот официјален Твитер профил за да го исмее физичкиот изглед на легендарниот напаѓач, или поточно неговата дебелина.

– Не сум зборувал со него после тоа што го напиша, но навистина ме плаши тоа што се уште се дава важност на мојата тежина во светот во кој живееме. Навистина не знам што сакаше да каже со тоа, можам да го кажам само тоа и ништо повеќе, – истакнал Роналдо за кого добро познато е дека имаше проблеми со метаболизмот кој направија да има добар вишок на килограми во последните неколку години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг