Ким Јонг Ун не се шегува: Северна Кореја има плутониум за 10 атомски бомби

Точка

11/01/2017

18:42

3490

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја има доволно плутониум за производство на 10 нуклеарни бомби, оценил денес Сеул, десет дена откако Пјонгјанг предупредил на непосредно тестирање со меѓуконтинентална ракета.

Бројни експерти мислат дека Северна Кореја, која извела две нуклеарни проби и неколку ракетни лансирања во 2016. година, би требало да ги дуплира напорите во 2017. година, за да ја оствари својата цел за праќање на нуклеарни бомби на американскиот континент.




Експертите не се согласуваат по прашањето за степенот на развој на севернокорејскиот научен програм, но се согласуваат дека Пјонгјанг направил голем напредок по доаѓањето на власт на Ким Јонг Ун по смртта на неговиот татко Ким Јонг Ил во декември 2011. година.




Денес јужнокорејското министерство за одбрана објавило дека Северна Кореја кон крајот на 2016. година, веројатно имала 50 килограми плутониум со воен квалитет, што е количина доволна за изработка на 10 бомби.

Пред осум години имале 40 килограми плутониум.


Спонозорирани линкови

Маркетинг