Верижен судир на повеќе од 100 возила поради снег и невнимание од страна на возачите

Точка

11/01/2017

12:28

5.193

Големина на фонт

а а а

Речиси 100 возила и камиони учествувале во масовниот верижен судир на еден автопат во близина на Торонто.

Иако поради специфичните климатски услови возачите во Канада имаат доста искуство во возењето по снег и воопшто во зимски услови, дури и во оваа земја се случуваат масовни сообраќајни незгоди во зима, помеѓу останатото и поради невнимание од страна на возачите.

Во еден таков верижен судир на автопат оштетени се речиси 100 возила, после што биле стопирани автомобилите во сите три сообраќајни ленти.

За среќа, во овој верижен судир немало ниту една жртва, а неколку луѓе завршиле во болница само поради полесни повреди.



Временските прилики во Македонија во првата половина на месец јануари во новата 2017-та година се слични како состојбата којашто ја гледаме на овој видео запис, такашто видео записот може да ни послужи и како опомена и корисна лекција. Совети за прилагодување на брзината и одржувањето на растојание, во зависност од моменталните услови кои владеат на патот, често слушаме овие денови. А примерите како овој од Канада се доказ дека не се работи само за празна приказна.

Всушност колку и со право да се жалиме на (не)одржувањето на сообраќајниците во текот на снежните врнежи и на службите чијашто задача е токму тоа, на крајот од нас самите, како возачи, во голема мера зависи дали безбедно ќе пристигнеме онаму каде што сме тргнале.

Ако веќе сме се нашле во ситуација да возиме по снег и во услови на намалена видливост, потребно е добро да се фокусираме на патот, да забавиме до безбедна брзина и да оставиме доволно место помеѓу нашиот и автомобилот пред нас, како би можеле безбедно да го запреме возилото во случај на непредвидени околности.


Во случај на намалена видливост на автопат и застој, потребно е на оние коишто се движат зад нас да им дадеме до знаење дека сообраќајот е забавен или потполно стопиран. Кога тоа ќе се случи неочекувано, корисно е да се вклучат сите 4 трепкачи и по можност да се помести возилото во лево или десно, како би избегнале евентуален директен судир од задната страна од други возила кои не успеале на време да застанат.

Во услови на магла или намалена видливост поради снежни врнежи, на автопат и при возење надвор од градската средина, многу помага задното светло за магла. Сепак, не заборавајте да го исклучите кога видливоста на патот ќе биде доволно подобрена, како не би ги заслепувале возачите зад вас и би ризикувале да добиете казна.

Исто така, поради вашата, но и безбедноста на другите возачи во сообраќајот, исчистете го во потполност автомобилот од снег пред да тргнете на пат. На тој начин на себе си ќе си обезбедите подобра прегледност, а другите учесници во сообраќајот ќе ги поштедите од снежни наноси коишто паѓаат од вашиот автомобил додека истиот е во движење.

Среќен пат!


Спонозорирани линкови

Маркетинг