Полска шокирана од видеото кое кружи на интернет: Ужас на железничка станица

Точка

11/01/2017

11:26

12158

Големина на фонт

а а а

Безбедносните камери на станицата во градот Лежно во Полска, снимиле една несекојдневна сцена. Предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.

Имено, на снимката се гледа како мажот, постарата, 72-годишна жена во инвалидска количка ја фрла од платформата на пругата, а потоа и самиот се симнува долу, зема камен и ја удира во глава.



Кога другите патници ја виделе немилата сцена, веднаш реагирале, но напаѓачот ја удрил жената околу 10 пати со каменот.


Жената е задржана во болница, минала со скршени ребра и неколку повреди на главата.


Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство. Психијатарот би требало да одлучи дали е способен за судење.


Несреќната жена го запознала својот напаѓач во воз додека патувала од својот роден град Честохов, пренесува Metro.


Кога пристигнале во Лежно, тој се понудил да ѝ помогне да го фати следниот воз.


Спонозорирани линкови

Маркетинг