Поради лошо време во Грција 70 камиони чекаат на граница

Макфакс

11/01/2017

11:03

601

Големина на фонт

а а а

Грчките полициски службеници не пропуштаат камиони на граница од македонска страна, поради лоши временски услови во Грција, па затоа на меѓуграничниот простор чекаат 70 товарни возила.

Министерството за внатрешни работи извести дека во среда остварен е контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин „Богородица“ со раководител на смена на граничен премин „Евзони“ во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Затоа во меѓупросторот, за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.

Како што соопшти АМСМ пак, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Берово – Виница – Кочани и превој Ѓавато, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 8 часот е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.
Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Спонзорирани линкови

Маркетинг