Бурата ја урнала секвојата со тунел, стара илјада години: Животот на омилената туристичка атракција го завршиле дождот и невремето

Точка

11/01/2017

11:05

5.395

Големина на фонт

а а а

Огромното прастаро дрво секвоја со тунел во својата база, кое годишно во Калифорнија привлекувало илјадници туристи, во неделата се урнало поради обилните дождови и невремето, пишува "New York Times".

Дрвото "Pioneer Cabin" било "одвај живо", тврди волонтер од државниот парк Калаверас Биг Трис, оддалечен на околу 145 километри источно од Сакраменто, па не било веднаш очигледно што ќе се случи со дрвото.

Базата на дрвото била пробушена во текот на 80-тите години на 19. век, па дрвото станало туристичка атракција. На автомобилите им бил дозволен влез низ тунелот, а во последните години пристапот се ограничил. Според американските шуми, планинарите единствено можеле да пристапат до дрвото.



"Олујата за дрвото едноставно беше премногу", напишала непрофитабилната организација "Calaveras Big Trees" на својот профил на Фејсбук.

Џим Олдеј, волонтер во паркот, кој го фотографирал урнатото дрво, за The San Francisco Chronicle рекол дека дрвото паднало и се распаднало кога удрило на земјата. Неговата сопруга, Џоен Олдеј, додала дека дрвото станало многу кревко. "Беше одвај живо. Имаше само една гранка и тоа на самиот врв", рекла таа.



Во текот на минатиот викенд на подрачјето на северна Калифорнија, паднало повеќе од 10 сантиметри дожд, а Олдеј рекол дека во неделата видел дека подрачјето околу дрвото е поплавено. "Пределот изгледаше како река. Делуваше како дрвото да расте на сред езеро", додал Олдеј.

Точната старост на дрвото не е утврдена. Многу стебла во паркот се стари повеќе од 1.000 години, а секвојата може да доживее и повеќе од 3.000 години.



Спонозорирани линкови

Маркетинг