Лидија Неделкова бара соочување со судскиот совет пред новинари

Макфакс

11/01/2017

10:55

509

Големина на фонт

а а а

Поранешната претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, во среда, ќе бара јавност на седницата на Судскиот совет, на која ќе се разгледуваат приговорите од кандидатите за претседатели на судовите кои се незадоволни од вонредното оценување.

Како што пишува sakamdakazam.mk, таа ќе побара да присуствува лично, но ќе бара и јавност на седницата.

Неделкова вели дека ќе инсистира да присуствуваат новинарите кога ќе бара одговор од Судскиот совет зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190.

„Бидејќи судството е транспарентно, а тоа постојано го зборува не само претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, туку и претходните претседатели, очекувам расправата по приговорите поднесени од кандидатите за претседател на Врховниот суд да биде јавна, пред публика, односно пред новинарите. Очекувам дека Судскиот совет ќе го прифати моето барање пред почетокот на седницата“, вели Неделкова.

Со вонредното оценување, кое се направи за првпат, беа вметнати и резултатите од работата на кандидатите од 2015-та, но и од половина од 2016-та, што никаде не е пропишано во законот. Оценувањето на судиите и на претседателите е на две години, и при избор на судии и претседатели се зема последната оценка на кандидатите, стои во законот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг