Мистериозно летало на САД е во орбитата веќе 600 дена: Никој не ја знае неговата мисија

Точка

11/01/2017

10:34

10.229

Големина на фонт

а а а

Некои мислења се дека станува збор за авион во мисија да ги уништи шпионските сателити или евентуално да послужи како вселенски бомбардер.

Вселенскиот авион "X-37B", мистериозно беспилотно летало кое им припаѓа на Воздухопловните сили на САД, полека го достигнува својот зацртан рекорд во вселената, откако во орбитата минало 600 дена.


OTV или "Orbital test vehicle", орбитално тест возило, е лансирано на 15. мај во 2015. година од Кејп Карневал на Флорида.


Тоа ја обележало четвртата мисија на "X-37B" програмата, и ако леталото мине уште 74 дена во вселената, ќе го собори рекордот кој го поставил "OTV-3" од 675 дена. Што точно "OTV-4" прави во орбитата и колку време ќе остане таму е нејасно, а не е познато ни што носи, бидејќи повеќето информации се доверливи.


Некои мислења се дека станува збор за авион во мисија да ги уништи шпионските сателити или евентуално да послужи како вселенски бомбардер. Леталото кружи во орбитата помеѓу 177 и 895 километри над површината.


Во април 2010. година започнале мисиите на "OTV", па така "OTV-1" минал 244 дена во орбитата, а "OTV-2" минал 468. дена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг