Осум сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Нетпрес

11/01/2017

10:13

151

Големина на фонт

а а а

Вкупно осум сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа во Скопје. Како што соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР), во четири се полесно повредени четири лица, а во останатите е причинета материјална штета.

Во текот на изминатите 24 часа сообраќајната полиција санкционира поголем број прекршоци. Шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца ги управувале возилата под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки, шестмина поминале на црвено светло на семафорот, а 28 возила биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале на црвено светло, додека со пајак-службата се отстранети 51 возило.


Спонозорирани линкови

Маркетинг