Во своето најново интервју, Али Ахмети вели дека сите опции се отворени, па дури и онаа за нови избори

Точка

11/01/2017

10:01

4.059

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчеравечер беше гостин во емисијата “Клик Плус” на ТВ21 каде во своето интервју изјави дека е сосема логично за токму тој да преговара со Никола Груевски околу формирањето на новата Влада, со оглед на фактот дека тој го доби мандатот после изборите.

Меѓутоа, Ахмети напоменува дека и сите останати опции остануваат отворени, па дури и онаа за одење на страната на опоцизицијата или пак за спроведување на сосема нови избори.

Притоа, Али Ахмети јасно потенцира дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија и подобро би било да има нови избори, бидејќи во спротивно тешко дека и воопшто би била формирана нова Влада. Тој додаде дека платформата на Албанците во Македонија воопшто не претставува услов за преговори, туку документ којшто треба да го спроведе било која партија од потписничките.



Сепак, тој не даде свој конкретен одговор дали ќе коалицира со Никола Груевски.



Спонозорирани линкови

Маркетинг