Динамично тргување на Македонската берза

Макфакс

11/01/2017

09:48

280

Големина на фонт

а а а

Промет од 8 милиони денари и 84 трансакции е билансот од тргувањето во вторникот на Македонската берза на хартии од вредност.

Се тргуваше со 16 хартии од вредност, од коишто само две хартии беа без промена на цената, девет имаа раст, а пет пад на вредноста.

Генерално атмосферата на оптимизам преовладуваше на берзата и во текот на вчерашниот трговски ден.

Промет од над милион денари беше остварен со акциите на Стопанска банка Скопје, и тоа 2,3 милиони денари, и со акциите на Комерцијална банка, од милион денари).

Добитници на денот беа акциите на КМБ (+2,97%), МТУР (+2,70%), ТПЛФ (+2,58%), ОХБ (+2,54%), ОКТА (+1,30%)…

На спротивната страна беа акциите на МПТ (-0,99%), СТИЛ (-0,77%), Гранит (-0,74%), БЕСК (-0,33%) и ТНБ (-0,08%).


Спонзорирани линкови

Маркетинг