Додека Трамп аплаудираше: Како Путин го победи Обама во нивната последна меѓусебна рунда...

Точка

11/01/2017

11:07

12.394

Големина на фонт

а а а

Американскиот однос кон Русија за прв пат после долги години е пречекан во позитвна атмосфера во Москва – имено, поддржувачите на Путин тоа го препознаа како знак дека Русија е повторно светска сила.

Тоа беше типичен Владимир Путин: Непредвидлив, циничен и вешт во извршувањето на „пропагандните работи“. Кога на 29-ти декември Барак Обама одлучи да протера 35 руски дипломати и нивните семејства, затвори руски претставништва во САД и воведе нови санкции, неговиот аргумент беше дека тоа е одмазда за хакерските напади на Демократската партија.

Белата куќа очекуваше дека властите од Москва ќе одговорат по принцип на реципроцитет, но Путин понуди еден асиметричен одговор со кој што практично го исмеа Обама и го претстави пред целиот свет како огорчен губитник.


„Перформансот“ на Путин беше внимателно смислен. Најпрвин шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на државната телевизија изјави дека Русија ќе одговори во иста мера, а се споменуваше дури и затворање на американската амбасада во Москва.

Втор чин беше појавувањето на Владимир Путин кој што го отфрли советот на неговиот министер за надворешни работи и на потегот на Американците кој што беше окарактеризиран како „непријателски“ и „провокативен“, Путин одговори сосема поинаку од тоа што го очекуваше јавноста од него. Путин порача дека нема да подлегне на таквите потези и нагласи дека планира да ги подобри односите со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Путин не само што одби да ги казни американските дипломати како што тоа им го направи Обама на руските, претседателот на Русија дури и јавно ги повика американските дипломати на божиќната и новогодишна забава во Кремљ. На крајот на сето тоа, тој џентлменски им посака среќна Нова година на Обама и Трамп.


Руската државна телевизија која што со години пласира анти-американска пропаганда, веднаш започна да делува во согласност со чекорите на Владимир Путин.

„Провокацијата не успеа“, се слушаше на руските телевизии. Обама „е во кал“, додека Путин покажа „дипломатска мајсторија од светска класа“. Повикувањето на децата на американските дипломати на божиќната забава претставуваше шлаканица за пацифистичката ориентација на Обама и јавно ја искажа приврзаноста на Путин кон децата, а на сето тоа се надоврза „наивниот твит“ на Трамп кој што за Путин напиша: „Отсекогаш знаев дека е многу паметен“.

Таквиот однос на Трамп, односно „аплаудирањето“ на потегот на Путин, додека од друга страна американската јавност е загрижена за руските хакерски напади и нивното влијание на претседателските избори, предизвика и панична реакција во американските мејнстрим медиуми кои што покажуваат загриженост околу способноста на Русија да ја поткопа американската демократија.

„Во очите на Западот, Русија е изворот на непријатните социјални промени. Како Русин, мене интересно ми е да го гледам ова. Западот сега ги идентификува сите свои проблеми како Русија, исто како што тоа Русија го прави со Западот“, пишува Максим Трудољубов, колумнист во дневникот „Ведомости“.


Американскиот однос кон Русија уште повеќе влијаеше кон тоа поддржувачите на Путин да го „засакаат“ својот лидер повеќе. Тие го препознаа тоа како знак дека Русија се враќа на сцената како голема светска сила. Но, додека Кремљ профитира од своето влијание на кратки патеки, не е јасно како Путин планира да ги искористи овие стравувања на Западот во иднина.

Популарноста на Путин веќе долго време зависи од сликата на САД како моќен непријател, па иако може да се каже дека Путин ја доби конечната рунда со Обама, јасно е дека тој ќе мора „да ја намали брзината“ и да продолжи да го прикажува Западот како најголем и најмоќен противник на Русија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг