Од нацистите спасила 3.500 Евреи: Умрела новинарката која прва јавила за почетокот на Втората светска војна

Точка

11/01/2017

09:15

2503

Големина на фонт

а а а

Британската воена дописничка Клер Холингворт, новинарката која прва јавила дека започнала Втората светска војна, починала во Хонг Конг во 106. година, било објавено вчера на нејзината страна на Фејсбук.

Холингворт влегла во историјата кога јавила дека Германија тргнува на инвазија на Полска, со што започнала Втората светска војна. Тоа било само една седмица откако се вработила во британскиот весник Daily Telegraph.


"Во месеците кои им претходеле на вработувањето во "Telegraph" во јуни 1939. година Холингворт го добила прекарот "Скарлет Пимпернел", бидејќи им помогнала на околу 3.500 Евреи да побегнат од нацистите, организирајќи нивна евакуација од Катовице во Велика Британија", напишал Клубот на странски дописници во Хонг Конг при нејзиниот 105. роденден, повикувајќи се на серија историски романи.


Холингворт известувала и за судирите во Палестина, Алжир, Иран, Египет, Пакистан, Кина, Јемен и Виетнам.


Била првата личност која разговарала со иранскиот шах и известувала од Пекинг пред крајот на владеењето на Мао Це Тунг.


Спонозорирани линкови

Маркетинг