Швајцарија нема да ги ослободува муслиманите од пливањето во мешаните училишта

Макфакс

10/01/2017

20:08

2.239

Големина на фонт

а а а

Муслиманските родители не можат во името на својата религија да сметаат дека нивните ќерки треба да бидат ослободени од наставата за пливање на девојчиња и момченца во училиштата, оцени во вторникот Европскиот суд за човекови права, отфрлајќи го барањето со кое му се обратило турско-швајцарско семејство.

Решителноста на јавните власти да ги принудат девојчињата на учество во наставата по пливање секако претставува „мешање во слободата на религиозното изразување“ на односни семејства, но тоа мешање се оправдува во името на „интересот на децата од комплетно образование, овозможува успешна општествена интеграција кон локаните традиции и обичаи што е над волјата на родителите“, пресуди судот во Стразбур.

До Европскиот суд за човекови права се обратило семејство коешто живее во Базел, во северозападна Швајцарија, чиишто членови поседуваат двојно државјанство, и турско и швајцарско.

Родителите биле казнети со глоба од околу 1.300 евра бидејќи одбиле, повикувајќи се на сопствените верски убедувања, на двете ќерки на возраст од 7 и 9 години да им дозволат да одат на базен во рамките на редовната наставна програма.

Применливата законска предвидувала можно ослободување од верски причини, но дури по пубертетот.

Одлуката на судот не е конечна, бидејќи родителите имаат рок од три месеца да побараат ново разгледување на тужбата пред судот, но судот не е обврзан да го прифати нивното барање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг